Коронавирусот однесе илјадници животи ширум светот, а експертите советуваат дека носењето на заштитна маска, покрај редовната хигиена и миењето на рацете, ја намалува можноста за зараза.
Медицинската маска за лице или памучната маска мора правилно да се носи за да се заштитите.
Сајмон Колсте од универзитетот во Портсмут споделил еден трик со кој ќе ја проверите ефикасноста на заштитната маска.
Самиот тест трае само една секунда, а сè што ви е потребно е една свеќа. Како што вели Колсте, треба да ја ставите маската на лицето и да дувнете низ неа кон свеќата. Ако не успеете да го изгаснете пламенот, тоа значи дека маската совршено ја врши својата работа.
Од друга страна, ако успеете да го изгаснете или да го “поместите” пламенот, маската пропушта премногу воздух и не е толку ефикасна против ширењето на вирусот.
“Иако се важни и јачината на здивот и оддалеченоста од свеќата, одредени маски немаат доволно материјал за да го спречат ширењето на инфекцијата. Маската со која е најтешко да го изгаснете пламенот е воедно и најдобрата препрека за ширење на Ковид-19”, вели Колсте.