Роботски ровери и сонди слетуваат на Марс веќе 50 години, но кога конечно човекот ќе зачекори на Црвената Планета?
Експертите веруваат дека техничките предизвици се речиси решени, но конечната одлука ја донесува политиката и поради тоа иднината на колонизацијата на Марс е неизвесна.
Програмата на НАСА за човечко истражување на Месечината, Артемис, предвидува повторно испраќање луѓе на Земјиниот природен сателит до 2024 година, користејќи ги искуствата стекнати таму како подготовка за Марс.
Најамбициозното ветување за заминување на Марс изречено во 1990 година беше од тогашниот американски претседател Џорџ Буш Постариот, кој вети дека човекот ќе чекори на Црвената Планета до 2019 година, односно до 50-та годишнина од слетувањето на Месечината.
Ветувањето не го исполнија ниту Буш Постариот ниту неговите наследници.
„Сум видел можеби 10.000 графикони, табели, различни идеи за тоа како да се стигне до Марс. Но тоа никој не сакал да го финансира. Мисијата би траела две до три години“, изјавил Џ.Скот Хубард, професор на „Стендфорд“ и поранешен службеник на НАСА.
Компаниите „Спејс икс“ на Илон Маск и „Блу ориџин“ на Џеф Безос градат ракети кои се во состојба да пренесат тони материјал кон Марс.
Илон Муск предложи колонизација на Марс, така што првата експедиција ќе изгради фабрика што ќе ги претвори водата и јаглерод диоксидот од атмосферата во кислород и метан.
„Да се биде вид кој живее на повеќе планети е многу подобро отколку да се биде вид што живее на една“, рече тој во 2017 година.
Извор: Vecernji List
Поврзани артикли