Корисниците го пријавија проблемот кај производителот, реагираа и експертите!
Компанијата Google никако да се ослободи од проблемите поврзани со Pixel телефоните.
Најновиот е поврзан со батеријата во уредот, односно куќиштето кое „отекува“, т.е. се „надувува“ во еден дел, наводно поради конекторот за батеријата и поради тоа се одвојува од стаклената плоча на задната страна на телефонот.
Овa е потенцијално опасен проблем, кој би можел да значи оштетување на уредот и да има последици по безбедноста на луѓето, кои го користат моделот Google Pixel 4 XL. PhoneArena го опиша како „отекување на батеријата“, а кое предизвикува раздвојување на задниот панел од остатокот од куќиштето и проблем со одвојување на делови на телефонот.
Овој случај не е единствен и на Reddit се јавија корисници, кои го имаат истиот проблем, но со различен интензитет – едни јасно го гледаат проблемот со одвојувањето на задниот панел поради „отекувањето“ на батеријата, други пријавуваат дека проблемот не е толку забележителен, но е присутен во помала мерка.
Компанијата Google доби неколку поплаки за оваа ситуација, но на почетокот на реагираше и ги испраќаше корисниците во сервис. За жал, проблемот се влошува и телефонот продолжува да се одвојува кај поголем број од корисницит на Pixel 4 XL.
Извор: Mondo.rs
Поврзани артикли