Дали ова е најдобриот совет кој што сме го добиле во врска со спречување на ширењето на заразата Ковид-19?
Секој ден во доба на пандемијата коронавирус може да научиме по нешо ново кое што може да биде корисно за да не заштити од зараза.
Тоа што може да го научите од ова видео кое што го направила една забарка, д-р Оливија Кјуи, спаѓа токму во таа ”нова наука”, а всушност претставува корисен совет како заштитната маска подобро да ја ставите на лицето, а со тоа да спречите можност на преминување на вирусот во вашето тело.
Видеото кое што докторката го обајвила на социјалната мрежа Тик-Ток го споделиле и познати личности, како на пример актерот Кристен Бел и новинарката Кејти Кјурик, а досега има 3.7 милиони прегледи.
https://www.tiktok.com/@oliviacuidmd/video/6841373365500955909