Sony направи личен преносен клима уред. Неговата употреба е многу едноставна и ефикасна.
Овој необичен клима уред се става однапред под вратот. Можно е да се поврзе преку Bluetooth со паметниот телефон. Со тоа на корисникот му се овозможува контрола над уредот, објави порталот The Verge.
Помеѓу останатото, со смартфонот е можно да се подесува температурата на овој уред. Со едно полнење на батеријата, клима уредот на Sony може да работи два до три часа. Трајноста на батеријата зависи од поставките на работи, кои ќе ги подеси корисникот.
Тежок е само 80 грама и речиси незабележителен кога ќе се стави под гардеробата. Можно е да се носи и во џеб.
Од Sony тврдат дека температурата на површината овој клима уред може да ја намали за 13 степени Целзиусови – на пример од 36 на 23.