Поради падот на приходот, компанијата Twitter размислува за воведување нови начини на заработка, а една од нив би можела да биде опцијата да се претплатите за одредени делови од услугата.
Имено, во вториот квартал од оваа година приходите од реклами на Twitter се намалија за една четвртина во однос на истиот период лани, односно на 562 милиони долари. Значи, и покрај големото зголемување на бројот на корисници за време на пандемијата, оперативната загуба на компанијата изнесуваше 124 милиони долари.
Затоа извршниот директор на Twitter, Џек Дорси им рече на инвеститорите дека тој веројатно ќе започне „тестови за претплата“ оваа година, иако забележа дека стандардите за наплата на одредени делови од услугата ќе бидат многу високи.