Неодамна се појавија информации дека Microsoft би можел да го објави Surface Duo порано од што се очекуваше. Уредот е оригинално планиран за објава во текот на празничната сезона, но потоа пандемијата на коронавирусот го одложи претставување на овој модел, како и Surface Neo уредот и Windows 10X оперативниот систем. Сега Surface Duo е забележан на FCC, што укажува на тоа дека би можел да биде претставен во текот на следните недели.
Според наводите на сајтот Droidlife, FCC ги тестираше двата екрана на Surface Duo уредите, заедно со шарка. Покрај ова, тестирана е и мрежната компатибилност. Еден од тестовите го споменува и NFC, иако Windows Central известува дека малопродажните верзии на Surface Duo уредот нема да ја поддржуваат опцијата за плаќање.
Преклопниот смартфон на Microsoft би требало да користи Qualcomm Snapdragon 855 чипсет и 6GB RAM, но се очекува дека во оптек би можела да биде и поголема количина на меморија. Покрај ова, уредот ќе има и два 5,6-инчни дисплеја.