Интернет страницата Digitimes наведува дека iPhone моделите за оваа година ќе имаат целосна поддршка за сите опсези на 5G мобилните мрежи, што ги вклучува mmWawe и фреквенциите под 6 GHz.
Не е е тајна дека поддршката за целосен опсег значајно ги зголеми трошоците за изработка на новите iPhone уреди. Споменатиот mmWawe би се користел во густо населените локации во градовите, додека фреквенциите под 6 Ghz би се користеле во приградски и градски подрачја.
Digitimes ја продолжува приказната наведуавјќи дека Apple за iPhone кој пристигнува во 2021. година ќе се одлучи за нешто поинаков пристап. Наводно би требало да бидат претставени посебни модели на iPhone кои имаат поддршка за mmWawe или фреквенции под 6 GHz, но не за двата опсега.
Моделите би биле пласирани по специфични пазари, така што некои пазари воопшто не би ги добиле mmWawe моделите. Digitimes сугерира дека Apple во iPhone за 2021. година ќе вгради нов хардвер и дека не би требало да се потпира на опцијата на оневозможување на посточкиот хардвер
Сите информации кои ги изнесува Digitimes се дел од прелиминарниот извештај и во иднина треба да се очекуваат нови попрецизни и поисцрпни информации за оваа тема.