Компанијата Apple најави дека до 2030. година ќе стане јаглеродно неутрална, обврзувајќи се на борба против климатските промени. Ваквиот план ќе има влијание врз нивното целосно работење, вклучувајќи ги синџирот на снабдување, производството, како и целокупниот век на траење на производот. Корисниците кои за 10 години ќе купат iPhone можат да сметаат на нето нулто влијание на својот уред врз климата, притоа подразбирајќи ја и енергијата потребна за напојување.
Многу големи компании, како Microsoft и Amazon, работат на покренување на активности со помош на кои ќе станат климатски неутрални и така ќе го дадат својот придонес во глобалната борба против климатските промени. Меѓутоа, стручњаците предупредуваат дека многу е важно ова свртување кон еколошките норми да биде во целост одржливо, и да не се применува праксата на пренасочување на „валканиот“ дел од работата на други компании. Apple планира во целост да се сврти кон обновливи извори на енергија, но и кон користењето на материјали кои не се штетни за животната средина и не придонесуваат за емисии на стакленички гасови.
Apple веќе се обврза на задолжително користење на енергија од обновливи извори кај своите над 70 добавувачи. Покрај тоа, инвестира 100 милиони долари во проекти од областа на енергетската ефикасност кај своите добавувачи. Започнаа да користат алуминуим за кој во производството не се користи јаглерод, а се користат и рециклирани материјали. Apple соработува со Зелениот фонд на САД и Кина, како и со непрофитната организација за заштита на животната средина Conservation International на обнова на одредени екосистеми во Колумбија и деградираните површини на саваната во Кенија.
Поврзани артикли