Научниците открија дека некои луѓе имаат таканаречен скриен имунитет, особено клетки, кои штитат од Ковид-19. Секоја од тие клетки е многу специфична затоа што постојат милион билиони нејзини верзии, што им овозможува да ги детектираат целите.
Тие може да останат во крвта со години по инфекцијата и да придонесат за имунолошкиот систем, кој има долгорочно паметење.
Како што често напоменуваат експертите, коронавирусот е големо непознавање за целиот свет и секојдневно се доаѓа до некои нови сознанија, а некои теории се побиваат.
Она што ги збунува научниците се антителата и имунитетот на Ковид-19. Не тилку одамна научниците откриле дека постојат пациенти што закрепнале од инфекцијата, но некои, за чудо, немале антитела на Ковид-19, како што се верувало на почетокот, пренесуваат медиумите.
Се утврдило дека овој број на луѓе воопшто не бил мал. Тогаш е откриено дека многу од оние што развиваат антитела, по неколку месеци, остануваат без нив.
Како што се утврдило, антителата изгледа нема да бидат клучно решение за создавање имунитет и спречување на епидемијата.
Сепак, додека светот е преокупиран со антителата, истражувачите сфатиле дека може да постои уште еден облик на имунитет, оној што во некои случаи со години останува прикриен во организмот. Тука се јавува еден мистериозен вид бели крвни зрнца, Т-клетки, кои добиваат значење.
„Клетките се еден вид имунолошки клетки, чија цел е да ги идентификуваат и отстранат патогените или заразени клетки во организмот. Секоја Т-клетка е многу специфична затоа што постојат милион билиони нејзини верзии на површината на протеините, што им овозможува да ја детектираат целта.
Затоа што Т-клетките може да останат во крвта со години по инфекцијата, тие придонесуваат за имунолошкиот систем, кој има долгорочно паметење и му помагаат во ефективниот одговор на непријателот во организмот.
Неколку студии покажале дека луѓето што се заразени со Ковид-19 имаат Т-клетки кои го таргетираат вирусот, без разлика дали заразените имаат симптоми или не. Исто така, експертите утврдиле дека некои може да бидат негативни на антителата против Ковид-19 и позитивни на Т-клетките што го идентификуваат вирусот.
Поради ова, научниците се сомневаат дека нивото на имунитет против вирусот може да се удвои. Истражувачите што ја анализирале крвта со години пред пандемијата откриле дека Т-клетките специјално се создадени за да ги детектираат протеините на површината на Ковид-19.
Ова сугерира дека некои луѓе веќе претходно имале подготвен организам во борбата против вирусот, т.е. пред тој да почне да се шири меѓу луѓето. Како што се утврдило, Т-клетките се главниот извор на имунитет на Ковид-19.
Како што објаснил имунологот Адријан Хејдеј, ХИВ е геноцид на Т-клетките затоа што вирусот ги лови и системски ги тера да извршат самоуништување за организмот да остане беспомошен.
„Анализирајќи го Ковид-19 кај пациентите, можам да кажам дека поединци, кои се заразени со овој вирус, а не се хоспитализирани, 100 % имаат реакција на Т-клетки. Добрата вест е дека се способни да го детектираат вирусот“, објаснил Хејдеј.
„Во моментот постои голем спектар на дизајнирани вакцини. Ако ја спречиме работата на Т-клетките кај пациентите, ќе ја имаме привилегијата да ја контролираме болеста“, заклучил имунологот.
Поврзани артикли