Фармацевтскиот концерн „АстраЗенека“ планира вакцината против коронавирус да ја изнесе на пазарот до крајот на годинава, а како што најави претседателот на компанијата, Паскал Сориот, таа ќе чини 2,50 евра.

Солио изјави за француската радиостаница РТЛ дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе.

Фармацевтската компанија се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годината, а според Солио, дури и малку порано, ако се оди како што треба.

Претходно беше објавено дека вакцината на „АстраЗенека“, која е направена во Оксфорд, во првите две фази на тестирање се покажала како добра и дека придонесува за создавање на антитела, како и имунизација против Ковид-19.

Исходот од третата фаза од тестирањето се очекува во есен, а доколку е успешна, тогаш вакцината може да се произведува масовно и да се пушти на пазарот.