Кометата „C/2020 Ф3 Неовајс“ или „Неовајс“ беше откриена од астрономите на 27 март оваа година, за време на мисијата на вселенскиот телескоп „Вајс“. Според НАСА, откако кометата ќе ја одмине Земјата, таа повторно ќе не посети дури за 6,800 години.
На почетокот на овој месец кометата беше доволно светла за да се забележи со голо око на северната хемисфера, што е првиот ваков случај по кометата „Хејл-Бопп“ во 1995 и 1996 година. „Неовајс“ на 23 јули ќе биде најблизу до сонцето, за потоа да продолжи да се движи по својата патека до рабовите на сончевиот систем која е долга 715 астрономски единици.
Според научниците, Неовајс „преживеала“ и други блиски средби со сонцето, што значи дека кометата и претходно ги посетувала Земјаните.
Од 12 јули, кометата е видлива и во вечерните часови. На 23 јули кометата ќе стигне до најблиската точка до Земјата на оддалеченост од 103 милиони километри, пред да продолжи со својот космички лет.
Скопското астрономско друштво објави неколку тајмлапс видеа од кометата C/2020 F3 NEOWISE, снимени над Скопска Црна Гора, дело на Мартин Стојановски, монтирани од Марија Стојановска.
Погледнете ја и галеријата со фотографии и видеа од кометата низ локалната призма на Мартин Стојановски, Боби Кузмановски и Стојан Стојановски, Борислав Н.Т, Томислав Георгиев, Наке Батев, Ристе Спироски и Роберт Атанасовски.
Comet Neowise [C/2020 F3] over Kokino——————————————————————n.t.borislav ©
Posted by Borislav NT on Вторник, 21 јули 2020
Posted by Tomislav Georgiev on Вторник, 21 јули 2020
Comet NEOWISE (C/2020 F3) is seen above the Skopje
Posted by Nake Batev on Среда, 22 јули 2020
Комета C/2020 F3 NEOWISE снимена од Водно во насока на кај Скопска Црна Гора. Снимена рано наутро на 12ти јули од страна…
Posted by Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society on Среда, 15 јули 2020
Комета C/2020 F3 NEOWISE, снимена на брдо над Ресен во близина на Преспанско езеро. Сликата ја снимил Мартин Стојановски член на Скопско астрономско друштво.
Posted by Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society on Вторник, 21 јули 2020
Кометата NEOWISE и НИЕ!Фото: Stojan Stojanovski
Posted by Ohrid Astronomy Association on Четврток, 09 јули 2020
Добра Ноќ ???
Posted by Stojan Stojanovski on Вторник, 21 јули 2020
Кометата NEOWISE и Охридско Езеро денеска после залез ☄️?
Posted by Riste Spiroski Photography on Понеделник, 13 јули 2020
И кометава си оди од планетава. Следно после 60 години.Скопје аквадукт
Posted by Robert Atanasovski on Среда, 22 јули 2020