Кога се во прашање лаптопите со Windows платформа, на располагање се широк спектар дизајни и формати, а најновата иновација се моделите со два екрана. Од друга страна, на полето на Chromebook уреди немаше премногу експериментирање. Ова би можело да се промени, бидејќи неодамна откриениот код сугерира дека Google работи на Chromebook уред со два екрана.
Уредот го носи кодното име Palkia, а кодот во рамките на Chrome Gerrit јасно укажува на втор екран на допир на лаптопот. Забележано е и споменување на таблет мод, но не е познато дали се мисли на преклопниот формат со два внатрешни дисплеја или на конценционалниот дизајн на преклопување со еден екран однадвор и еден од внатрешната страна.
Меѓутоа, коментарот на програмерите укажува и тоа дека Palkia не е OEM уред, што значи дека во прашање е прототип за тестирање. Тоа може да значи дека во некоја поскора иднина можеби не би требало да се очекува преклопен Chromebook со два екрана. Секако, идејата дека Google размислува во овој правец е интересна и компанијата веројатно експериментира со софтвер за таков хардвер.
Поврзани артикли