Истражувачи вклучени во испитувањето за експериментален лек против Ковид-19 тврдат дека тој ја забавува прогресијата на болеста во 79 проценти од случаите, особено кај пациенти кои се во критична состојба.
Инхалациониот лек наречен SNG001, развиен од фармацевтската компанија „Синерџен“, содржи бета-интерферон, а како дел од студијата, бил даден на болнички пациенти на кои им требала кислородна поддршка при дишењето.
Иако одамна е познато дека лекот го олеснува закрепнувањето на пациенти со астма и хронично опструктивно белодробно заболување, кои имаат и други форми на инфекција на белите дробови, како што е грип, до сега не беше јасно дали лекот може да помогне кај заболени од Ковид-19, пренесува „Скај њуз“.