Русија доставила забести делфини во сирискиот град Тартус, пишува американскиот магазин „Форбс“, повикувајќи се на информации од сателитски снимки.

Според мислењето на авторот на статијата, морските суштества во руската база би можеле да бидат и фоки, макар што сепак е поверојатно дека се работи за делфини.

„Наидов на морски цицачи во вода при прегледување на сателитски снимки на Тартус. Тоа е пристаниште во кое Русија ги чува своите подморници распоредени поради војната во Сирија“, пишува авторот на статијата.

Во текстот се наведуваат координатите на програмата Google Earth, каде што според пишувањето на магазинот се наоѓаат животните. Како што се наведува, цицачите можат да се користат за спречување на недозволен пристап на нуркачи до објекти на поморска инфраструктура, подигање предмети од морското дно и за подводно извидување.

Според пишувањето на американскиот магазин, животните можеле да стигнат во Сирија од Крим. Како што се наведува, во северниот дел на Русија активно се користат китови белуга кои се поприлагодени на арктичките услови од делфините.

„Можно е дека никогаш нема точно да дознаеме што правела руската флота со делфините во Сирија. Тие се наоѓаа таму само неколку месеци, од септември до декември 2018 година“, заклучува авторот на текстот.