Samsung Galaxy Note 20 линијата ќе биде претставена на 5. август, а стандардниот модел сега се појави во ново видео кое го објави дојавувачот Еван Блас (@evleaks) и го покажува телефонот од повеќе агли.
Како што може да се види, Galaxy Note20 има дисплеј со punch-hole отвор во центарот, додека на задната страна камерите се сместени во правоаголен модул, заедно со блиц сензорот.
Претходно протечените рендери за Galaxy Note20 сугерираа и четврта камера на задната страна, но бидејќи @evleaks има многу добра репутација кога се во прашање протечените информации, поверојатно е дека стандардниот Note 20 ќе има три камери.
Видео клипот покажува дека копчињата за вклучување и звук се сместени од десната страна на рамката, додека S Pen стајлусот се наоѓа од левата страна. Твитот со видеото е достапен овде.
I feel like, with a leak such as this, several hours of exclusivity for Patreon subs should suffice. Many of you have been quite patient. ? pic.twitter.com/MqxzlRpD5e
— Evan Blass (@evleaks) July 17, 2020
Поврзани артикли