Македонското студио за игри „Furious Avocado“ изминатава недела ја издаде својата прва игра Tie Dye, која само за една недела се најде на светските топ-листи како најпреземана игра, само на iOS има над 3.000.000 преземања.
„Пред шест месеци, заедно со другарите и неверојатни професионалци Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михајлов и Бобан Стојчевски, тргнавме во авантура наречена „Furious Avocado“ – наше гејминг-студио кое долго време беше наш сон. Во оваа авантура не бевме сами. Од самиот старт на наша страна ги имавме CrazyLabs, еден од најдобрите издавачи на мобилни игри во светот. Шест месеци подоцна еве нè со нашата прва игра Tie Dye – број 1 во светот во првата недела од објавување со повеќе од 3 милиони симнувања само на iOS“, напиша на својот фејсбук-профил Наум Михајловски, еден од креаторите на оваа игра.
Пред шест месеци, заедно со другарите и неверојатни професионалци Ivo Neskovic, Mario Ampov, Tomi Dzurovski, Damjan…
Posted by Naum Svetyac Mihajlovski on Четврток, 16 јули 2020
Линк за iOS: https://tinyurl.com/tie-dye-appstore
Линк за Android: https://tinyurl.com/tie-dye-gp