OnePlus речиси секојдневно објавува тизери со спецификациите на својот претстоен OnePlus Nord телефон, а овој пат компанијата подели детали за дисплејот и меморијата на уредот.
Потврдено е дека OnePlus Nord ќе има дисплеј со стапка на освежување од 90Hz (180Hz touch sampling). Гласините сугерираат дека телефонот ќе користи 6,55-инчен AMOLED панел со двоен punch-hole отвор за селфи камерите.
Покрај наведеното, Nord ќе има и до 12GB RAM меморија, а ова се очекува на најмоќниот модел, додека ќе постојат и други опции на меморија. Претходно е веќе потврдено дека уредот ќе користи Qualcomm Snapdragon 765G чипсет.
На крајот, компанијата исто така потврди дека OnePlus Nord од старт ќе има поддршка за Google Messages, Dialer и Duo, наместо да ги имплементира сопствените апликации на компанијата за телефон и испраќање пораки.
OnePlus Nord ќе биде претставен на 21. јули, во текот на најавениот AR настан.