Британскиот Национален центар за сајбер безбедност NCSB тврди дека хакери, поддржани од Русија, се обидуваат да украдат истражувања за вакцина и начини на лекување на COVID-19, од академски и фармацевтски институции ширум светот.
Во координирано соопштение на Велика Британија, САД и Канада, за хакерски напади е обвинета групата APT29, позната и под името „Cozy Bear“, за која се тврди дека скоро сигурно делува како дел од руските известувачки служби, пренесе Reuters.
„Овие напади најостро ги осудуваме и се достојни за презир, тие се против оние кои вршат работа од животна вредност за да се борат против пандемијата од коронавирус“, изјави Пол Чичестер, директор на операции во NCSB.
Велика Британија и САД соопштија дека од хакерите имало напади врз национални и меѓународни организации кои реагирале на пандемијата, но тие напади претходно не биле доведени во врска со Русија.
Истата група хакери „Cozy Bear“ се осомничени за хакерски напади на Демократската партија во текот на претседателските избори во САД, 2016 година.
Извор: Politika.rs
Поврзани артикли