Razer Huntsman Mini е првата ултра-компактна тастатура на компанијата. Креирана е врз основа на повратните информации на корисниците, а достапна е во црна и меркур мат завршница, со виолетови оптички свичеви. Razer ќе објави и опција со подобрени, линеарни црвени оптички свичеви.
Виолетовите оптички свичеви се наменети за гејмерите кои преферираат јасен тактилен одзив, кој се поклопува со чувството кога се притиска копчето. Црвените линеарни свичеви се наменети за гејмерите кои сакаат инстант пртисок на копче, без тактилен одзив и намален шум.
Huntsman Mini има мали димензии, благодарение на отсуство на функциски копчиња, home копчиња и numpad, кои се наоѓаат на традиционалните тастатури. Меѓутоа, ова не влијае на функционалноста, бидејќи Razer ги додаде сите отсутни копчиња и инпути преку секундарни функции и кратенки.
USB кабелот кој се користи за поврзување на Huntsman Mini тастатурата на системот, е одвојлив за тастатурата да биде лесна за пренесување. Алуминиумската конструкција обезбедува издржливо и силно куќиште кое може да истрпи долги гејминг сесии. Onboard меморијата на тастатурата може да складира до пет профили без употреба на софтвер. Можно е да се користи и Razer Chroma за подобрување на RGB профилот и ефектите на осветлување.
Razer Huntsman Mini тастатурата со виолетови свичеви е достапна по цена од 130 евра, додека моделот со црвени свичеви ќе биде достапен од следниот месец по цена од 140 евра.