Русија има „летечки тенк што блуе оган“ со напредно оружје британско гласило. Вака „Дејли Експрес“ го коментираше објавувањето на снимките од тренинг-маневрите на модернизираниот Су-25СМ3 на интернет.
Како што се наведува во текстот, овој јуришник е еден од руските борбени авиони што се користат најмногу. Користен е во многу вооружени конфликти, а „летечки тенк“ е наречен поради својот тежок оклоп и големата сигурност.
Најсилен впечаток на британските новинари им оставило лансирањето на новото вооружување.
На снимката се гледа лансирање на ракети. Како што се истакнува, тие одат на небото оставајќи зад себе долга бела трага.
Поддршка на копнените сили од воздух е главната задача на Су-25.
Развиен во седумдесеттите години на минатиот век, тој е во состојба да го идентификува и уништи противникот буквално во еден напад, истовремено одолевајќи на непријателскиот оган.
Развојот на технологиите на вооружување за малку не го испрати јуришникот во пензија, меѓутоа, серијата модернизации овозможи да се решат проблемите поврзани со целисходноста на експлоатацијата на авионот. Во овој момент Су-25СМ стана далеку поуниверзален, доби можност за примена на проширена номенклатура бомби и ракети, се наведува во текстот.
Авторите на статијата забележуваат дека при обновата на авионот инженерите ги користеле искуствата стекнати во Сирија.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли