HP јапретстави S750 линијата SSD дискови, кои пристигнуваат во 2.5-инчен формат и можат да ги искористат предностите на SATA 6 Gbps интерфејсот.

SSD дисковите се достапни во капацитети од 256GB, 512GB и 1TB, а комбинираат SMI kontroler со 96-слојна 3D NAND флеш меморија. Сите три варијанти на дискови нудат секвенцијални брзини на пренос на податоци до 560 MB/s за читање и до 520 MB/s за запис на податоци.

ssd2_19.jpg

Варијантата од 256GB има рендом перформанси до 55.000/79.000 IOPS (читање/запис); моделот од 512GB нуди до 90.000/89.000 IOPS, а 1TB варијантата има до 74.000/80.000 IOPS брзини. Издржливоста на SSD е до 160 TBW, 320 TBW и 650 TBW.

HP не ги објави информациите за цените на S750 2.5-инчните SATA SSD дискови, а се очекува дека тие ќе варираат во зависност од пазарот.