Компанијата Ubisoft го претстави првиот трејлер за видеоиграта Far Cry 6.
Кинематографскиот трејлер го прикажува градот под режимот на Антонио Кастиљо кој го глуми Џанкарло Еспозито. Во Far Cry 6 играчите го контролираат Дани Рохас кој треба да го сруши режимот на Кастиљо, објави The Verge.
Од Ubisoft велат дека играчите ќе имаат на располагање многу оружје и систем за следење кој „ќе ви овозможи регрутирање на оние коишто сакаат да се борат на ваша страна“, исто како во Far Cry 5.
Видеоиграта Far Cry 6 би требало да биде достапна на 18. февруари 2021 година за Play Station 5, PS 4, Xbox Series X, Xbox One и PC.
Извор: Klix.ba