Научникот Вилијам Сенфорд Нај, попознат како Научникот Бил Нај, успеал со помош на свеќа да му објасни на светот зошто е важно да носиме маски за време на пандемијата на коронавирусот.
„Зошто здравствените работници и експерти апелираат да носите маска во јавност? Па, маските спречуваат честичките од мојот респираторен систем да навлезат во вашиот респираторен систем”, ја започнал Бил својата приказна.
https://www.tiktok.com/@billnye/video/6847284138202893574
Тој потоа објаснува како спречувањето на протокот на воздух е “стар трик”. За подобро да објасни на што мисли, Бил зел шал и го ставил преку уста, а потоа дувнал во запалената свеќа. Пламенот веднаш се изгаснал.
„Овој шал е добар за спречување на студениот воздух да дојде до вашиот врат, сепак во овој случај не е баш ефикасен”, вели научникот.
Тој потоа зел рачно изработена маска, направена од памучна ткаенина и го повторил експериментот. Пламенот се поместил, но свеќата и понатаму останала да гори.
Во следното видео го испробал експериментот со N-95 маска, а пламенот едвај се поместил.
https://www.tiktok.com/@billnye/video/6847284807072795910
„Зошто бараме од вас да носите маски? За да ве заштитиме, секако. Но, она што е многу поважно е што сакам да се заштитам себеси од вас”, вели Нај и додава дека носењето на маска е навистина “прашање на живот и смрт”.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли