Сосема е сигурно дека iPhone 12 нема да биде евтин, но некои извори тврдат дека би можел да биде многу поскап од очекуваното.
Џеф Пју, технолошки аналитичар чии „дојави“ досега неколку пати беа точни, сега тврди дека основниот iPhone 12 5G модел ќе биде 100 долари поскап од оној што претходно се најавуваше, односно ќе чини 749 долари.
Според него, главните „виновници“ за толку високата цена ќе бидат 5G поддршката и OLED екранот. Тој, сепак, зборуваше само за основниот модел на смартфонот.
Меѓутоа, судејќи според таа цена, тогаш iPhone 12 Max би можел да чини помеѓу 799 и 849 долари.
Од друга страна, 4G варијантата на уредот би требало да чини 549 долари.
Извор: B92.net
Поврзани артикли