Qualcomm вчера официјално ја претстави надградбата за својот премиум чипсет во вид на Snapdragon 865+ моделот. Компанијата, исто така, потврди и кои телефони први ќе го добијат овој чипсет, а меѓу нив е и очекуваниот Lenovo Legion.
Lenovo сега објави дека новиот смартфон на компанијата ќе биде претставен на 22. јули. Информацијата е официјализирана на Weibo страницата на компанијата и преку новиот тизер.
Snapdragon 865+ овозможува зголемување на брзината на процесорот за 10% и има оверклокиран GPU. Тука е и поддршката за Wi-Fi 6E, Bluetooth 5.2 и освежувањето од 144Hz за дисплеи. Се очекува дека lenovo Legion ќе има екран со споменатата стапка на освежување.
Гласините од порано сугерираат дека Lenovo Legion ќе има FHD+ резолуција на екранот, со touch sampling од 270Hz. Ќе бидат достапни 16GB LPDDR5 RAM и 512GB UFS 3.1 простор за складирање.
Тука се уште некои карактеристики со фокус на гејминг, а повеќе детали се очекуваат во текот на објавата на уредот на 22. јули.