Honor минатиот месец најави дека ќе претстави гејминг лаптоп. Сега реномиран дојавувач од Кина истакна дека уредот би можел да биде претставен следниот месец. Ова стигнува откако AMD и Honor вчера објавија тизери на Weibo страниците, кои сугерираат дека Honor гејминг лаптопот ќе користи најноv AMD хардвер.
Се очекува дека Honor во следните недели ќе почне да објавува тизери со карактеристиките на овој лаптоп. Само за потсетување, MagicBook Pro 2020 варијантата е објавена во јуни со 10. генерација на процесори на Intel, така што претстојниот лаптоп би можел да биде MagicBook Pro 2020 со AMD хардвер.
MagicBook 2020 има 16-инчен дисплеј, до 16GB DDR4 RAM и PCIe SSD со до 512GB простор за складирање. Го покренуваат Intel Core i7 и i5 процесорите од десеттата генерација. Претстојниот модел би можел да биде опремен со процесорите од Ryzen 4000 серијата.