Watch Dogs 2 видео играта ќе биде бесплатна за сите за време на Ubisoft Forward презентацијата.

Компанијата Ubisoft важи за една од најдарежливите со оглед на тоа што досега во повеќе наврати овозможи бесплатно играње на некои од своите хит игри.

Со цел да привлечат што е можно повеќе гледачи за време на предстојната Ubisoft Forward презентација која е закажана за 12. јули, Ubisoft бесплатно ќе ја „подели“ одличната Watch Dogs 2.

Не станува збор за период на бесплатна проба, туку Watch Dogs 2 ќе биде целосно бесплатна и ќе остане во вашата колекција засекогаш откако ќе ја преземете. Играта ќе биде бесплатна само во текот на траењето на дигиталниот настан и важи за PC преку uPlay платформата.

Доколку немате корисничка сметка на uPlay, ве советуваме веднаш да ја направите, да се регистрирате и да ја инсталирате апликацијата. Потоа, само ќе треба да ја преземете играта, запомнете, на 12. јули.