Ова се идеите на руските дизајнери: седишта-трансформери, емитување видео-содржина на прозорците и други новитети во вагоните.

Дизајнерите на студиото на Артемиј Лебедев осмислија концепт на футуристички воз за руското метро. Тие предложија возот да има панорамски прозорци и ЛЕД-осветлување на предниот и задниот дел што, според нивното мислење, ќе ги направи вагоните поелегантни.

Уште еден новитет е замената на обичните седишта со седишта на расклопување, благодарение на кои во возот ќе има повеќе слободен простор.

Освен тоа, предвидено е во вагоните да има специјални терминали со чија помош патниците ќе можат да купат билети за возење и пристапи до други услуги, како што е, на пример, плаќањето сметки.

На прозорците на возовите може да се проектира видео-содржина. Според мислењето на дизајнерите, за таа намена би била идеална црна позадина.

Извор: Russia Beyond