Се појавија CAD рендери на Pixel 5 XL телефонот, кои ги објави Twitter корисникот @xleaks7 во соработка со сајтот Pigtou. Рендерите покажуваат дисплеј со punch-hole отвор во горниот лев агол за селфи камера, сензор за отпечатоци од прсти на задната страна, како и две камери.
Изворот не ги откри резолуциите на камерите, но се сугерира дека една од нив има ултраширок сензор. Димензиите на телефонот се 153,8 x 74 x 8,5mm, а дебелината оди до 9,5mm во делот каде се наоѓа испупчувањето за камери.
Рендерите ги откриваат и копчињата за вклучување и звук од десната страна на рамката, USB-C порт сместен во дното, како и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки во врвот на рамката.
Моментно не е можно да се потврди автентичноста на рендерите за Google Pixel 5 XL, со оглед на тоа дека пристигнуваат од релативно нов извор, така што е потребно да се земе со доза резерва.