Како следен голем чекор, во процесот на своето осамостојување и намалување на зависноста од другите производители, Apple планира да го отфрли AMD како свој снабдувач на графички карти во блиска иднина. Компанијата неодамна го отфрли Intel и x86 архитектурата во корист на своите процесори засновани на ARM, а името е позајмено од Metal графичкиот API на Apple.
Овие информации пристигнуваат од слајдот за WWDC 2020 презентацијата, кој го објави Longhorn (@never_released) на Twitter. Слајдот сугерира дека заедно со процесорот, Apple ќе креира и сопствена графичка карта.
Чипсетите, кои ги покренуваат клиентските Mac и идните iMac и MacBook компјутери, би можеле да имаат iGPU заснован на Metal графичката архитекртура. Од друга страна, поголемите платформи како што се MacBook Pro, iMac Pro и Mac Pro би можеле да ги користат графичките карти на Apple со стандардна големина.
Поврзани артикли