Во видео порака објавена на нејзиниот Twitter профил, Извршната директорка на AMD, Лиза СУ потврди дека Zen 3 архитектурата на компанијата од следната генерација, пристигнува подоцна во текот на оваа година.
Су истакна дека минатата година, на 7. јули, компанијата ги објавила 7nm CPU и GPU производи, а тоа на истиот ден се проширува и оваа година, преку новите процесори од Ryzen 3000XT серијата.
Last year on 7/7 we launched our 7nm 3rd gen @AMDRyzen and @Radeon 5000 series together. Today we celebrate 7/7 with some new @AMDRyzen XT parts. Enjoy! pic.twitter.com/XJqzIcnJEE
— Lisa Su (@LisaSu) July 7, 2020
Според нејзините зборови, Zen 3 изгледа добро во лабораторија, на пат е да биде објавен подоцна во текот на годината и со нетрпение очекува да сподели повеќе информации со јавноста.
Поврзани артикли