Британците очигледно се отворени за купување автомобили преку Интернет, и тоа се подготвени да го сторат тоа без никакво тест возење, според истражувањето спроведено од BuyACar.co.uk.
Во истражувањето во кое учествувале повеќе од 700 купувачи на автомобили, скоро 25 % од испитаниците рекле дека би купиле возило преку Интернет, без физички контакт со со него. Условот кој испитаниците го посочуваат е постоење на некој вид гаранција за таквата набавка.
Кај испитаниците на возраст меѓу 35 и 44 години, дури една третина биле подготвени да купат возило на Интернет и без тест возење. На возраст од 45 до 54 години, процентот е помал и изнесува 31 %. Меѓу испитаниците на возраст меѓу 55 и 64 години, 27 % рекле дека би купиле автомобил без претходен физички контакт со него, додека најголеми скептици за ваква набавка биле оние под 25 и над 65 години.
Исто така, студијата укажува дека мажите почесто би се решиле да направат ваков потег, односно да купат возило без тест возење.
Со сегашната пандемија на коронавирус и затворањето на изложбените салони, продажбата на онлајн автомобили добива на важност на глобално ниво. Некои брендови, како што е Tesla, со години се потпираат скоро исклучиво на овој вид набавка на возила.
Во протечена е-пошта испратена од Елон Маск до вработените во Tesla во 2018 година, се наведува дека 78 % од единиците на Model 3 се нарачани преку Интернет, а дека 82% од нив се нарачани без никакво тест возење.
Очигледно е дека се влегува во нова ера на навикит на потрошувачите. Е сега, дали е паметен потег да се купи автомобил без да се има можност за подобро запознавање, е сосема друго прашање.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли