Facebook најави дека во News Feed ќе додаде нов систем на пораки замислен корисниците да ги поттикне на носење на заштитни маски.
Пораките на предупредување и препораките за носење маски ќе се појавуваат во врвот на самиот News Feed, а корисниците за повеќе информации ќе ги пренасочуваат на надлежниот Центар за информации за Ковид-19 и Центар за контрола и превенција на ширење на болести во САД.
Слична порака ќе биде видлива и за корисниците на Instagram, кои исто така ќе бидат пренасочувани на надлежните институции доколку сакаат повеќе информации.
Треба да се напомене дека Facebook веќе некое време се бори со поплава на лажни вести врзани за коронавирусот, и дека веќе некое време има опција која корисниците ги предупредува дека некоја информација за коронавирусот е потенцијално лажна и дека покрај предупредувањето содржи и линкови за официјални информации на здравствените организации.