Поминаа неколку iPhone генерации откако Apple ја отстрани Touch ID функција од своите смартфони и го претстави Face ID. Меѓутоа, новите информации сугерираат дека Apple би можел да го врати Touch ID.

Овие гласини се засновани на новиот патент на компанијата Apple, кој открива дека компанијата најверојатно работи на креирање на сопствено in-display Touch ID решение.

Со оглед на тоа дека насложените дисплеи не се секогаш 100 проценти проѕирни, патентот опишува дека Apple смислил начин потенцијално да го решо тој проблем. „На пример, во некои случаи на задната површина на дисплеите може да се формира низа микро објективи. Секој микро објектив во низата може да има фокусна точка која е лоцирана, наредена или е блиску до еден од проѕирните отвори“, стои во описот на патентот.

Ова не е прв пат Apple да создава патенти засновани на in-display Touch ID сензори, но не е познато кој метод би можела компанијата да го имплементира на крајот. Исто така, не е познато ни колку Apple е заинтересиран за спроведување на оваа идеја во дело, а знаеме дека патентите често не ни стануваат реалност.