Иако и работниците и надлежните органи на државите во кои работи Amazon беа бесни од однесувањето на компанијата за време на епидемијата од коронавирус, сега може да се очекува дека расположението значително ќе се подобри. Имено, Amazon вети дека ќе плати огромни бонуси на своите работници.
Amazon ќе плати повеќе од 500 милиони долари бонуси на сите работници кои работеле во компанијата во текот на месец јуни, што се оценува како исклучителен потег откако гигантот за е-трговија го елиминираше зголемувањето на платите и платена прекувремена работа од крајот на мај. Компанијата сака да покаже благодарност за жртвувањето на работниците во најтешките моменти и во форма на еднократен бонус ќе ги почасти своите вработени.
Износите за еднократниот бонус варираат. Редовните вработени во Amazon, возачите и партнерите ќе добијат по 500 долари. Вработените кои работат со скратено работно време по 250 долари, челниците на компаниите Amazon и Whole Foods ќе добијат по 1.000 долари, додека сопствениците на партнерските служби за испорака ќе добијат по 3.000 долари.
Amazon забележа зголемена побарувачка за време на пандемијата додека луѓето остануваа дома, и поради тоа воведоа мерки кои не се многу популарни. Иако имаат над 400.000 вработени и 110 центри, беше тешко да се обезбедат сите услови за работа против епидемијата од коронавирус, па во еден момент се случи протест на работниците, од кои некои беа отпуштени. Имало најмалку десет смртни случаи меѓу вработените во магацините.
Извор: PC Press.rs