Египтолозите дошле до заклучок дека поголемиот дел од гробниците никогаш не биле ограбени затоа што не биле гробници туку портали.
Пирамидите никогаш нема да престанат да ги интригираат луѓето, а научниците познати како „астроегиптолози“ имаат нова теорија за тоа за што служеле.
Поголемиот дел од пирамидите и гробниците во кои што успеале да влезат археолозите биле празни.
Гробницата на Тутанкамон е една од ретките во кои што е сочувано богатство и е основа на Египетскиот музеј. Поради тоа до денес постои верување дека истите биле ограбени. Дали тоа навистина е така?
Поголемиот дел од пирамидите се огромни градби во кои што се кријат долги и тесни ходници. Во нивната внатрешност се наоѓат празни гранитни ковчези.
Една од најголемите енигми се ковчезите Serapeum.
Овој локалитет во Сахара е најпознат по Зосертовата степенеста пирамида, но во нејзината внатрешност истата е неспоредливо интересна.
Имено, пронајдени се 24 гранитни гробници и сите биле празни. Единствени тела кои што се наоѓале таму биле мумифицирани бикови. Секој од овие поединечни ковчези е тежок 70 тони. Инаку, гранитот е донесен од Асуана.
Како гранитните плочи биле поместувани и внесувани под земјата? Како успевале да ги внесат низ тесните ходници?
„Што доколку тоа воопшто не биле гробници, туку тие ковчези се користеле за пренесување на телата?“ – се запрашал Роберт Баливал, египтолог.
Древните Египќани имале развиено верување во задгробниот живот во кое што основната идеја била дека по смртта преминуваат во некаков нов живот.
Извор: Novosti.rs
Поврзани артикли