Poco M2 Pro ќе биде претставен на 7. јули, а овие денови компанијата објавува тизери од претстојниот смартфон. Најпрвин имавме прилика да го видиме дизајнот на уредот, кој изгледа како глобална верзија на Redmi Note 9 Pro моделот, а сега Poco потврди дека M2 Pro ќе има поддршка за 33W брзо полнење.
Телефонот претходно беше забележан и на Geekbench листинг со Snapdragon 720G чипсет и 6GB RAM, што дополнително укажува на тоа дека станува збор за ребрендиран Redmi Note 9 Pro.
Доколку тоа се испостави како точно, новиот Poco телефон би требало да има 6.67-инчен Full HD+ LCD екран, систем со четири камери со 64MP главен сензор и 5020mAh батерија. Се очекува дека во следните денови ќе бидат познати уште карактеристики од Poco M2 Pro моделот.
Поврзани артикли