Научниците од универзитетот Флорида Атлантик ја проучувале ефикасноста на домашните маски во спречување на ширењето на коронавирусот.
Тие откриле дека, ако лицето не е покриено со маска, капките патуваат до 3,5 метри во 50 секунди.
Според симулацијата, платнените шиени маски со повеќе слоеви најмногу го намалуваат ширењето на капките, иако на врвот од маската дошло до протекување помеѓу носот и материјалот. Кога на куклата била ставена ваквата маска, капките од лицето патувале само 2,5 центиметри. Маската која била добро припиена за носот исто така добро функционирала, така што капките патувале околу 20 центиметри од лицето.
Меѓутоа, еднослојната маска (направена од еластичен материјал од маица) била помалку ефикасна бидејќи капките излегле преку материјалот на маската и отпатувале повеќе од 1 метар од лицето.
Сепак, “иако немедицинските маски кои биле тестирани во оваа студија дале различни резултати, тие се ефикасни во спречување на ширењето на инфекцијата”, напишале авторите во својот труд.
Извори: Kurir.rs / Livescience.com