NASA Jet Propulsion Laboratory има во план да ги истражи можностите на концептот наречен SPARROW (Steam Propelled Autonomous Retrieval Robot for Ocean Worlds), роботи скокачи, кои ќе бидат специјално дизајнирани за истражување на терените на ледените месечини во Сончевиот систем, а една од посебните работи е тоа што ќе се движат на парен погон.
Парниот погон кој обично со врзува со парните машини, кои го обележаа почетокот на индустриската револуција во втората половина на 18. век, ќе доживее, како што вели NASA, научен makeover. SPARROW роботите ќе бидат со големина на фудбалска топка и ќе се состојат од систем на потисник, авионика и инструменти сместени во заштитен кафез.
За да се сочува околината недопрена, SPARROW нема да биде придвижен на ракетно гориво кое може да ја контаминира површината на планетата или на месечината, туку се користи пареа произведена од стопен лед, а која со кратки млазови ќе овозможи скокање на роботите.
Со оглед на ниската гравитација тие скокови ќе можат да бидат на километри оддалеченост, со што SPARROW ќе покријат голема површина за разлика од сегашните ровери употребени во вселенските истражувања.
Извор: Vidi.hr