Подбрендот на Xiaomi, Redmi претходно овој месец го објави Redmi 9 телефонот, а сега компанијата додаде уште два модела во линијата –  Redmi 9A и Redmi 9C. Redmi не ја објави целосната листа на спецификации, но но Facebook ги истакна главните карактеристики на уредот.

Redmi 9A користи Helio G25 чипсет, во комбинација со 2GB RAM и 32GB простор за складирање. Уредот има 6.53-инчен дисплеј со засек и 720p резолуција. Го напојува батерија од 5000mAh. На задната страна, Redmi 9A има една камера од 13MP, додека од предната страна е сместен 5MP сензор.

r2_9.jpg

Redmi 9C користи Helio G35 SoC, со 2GB RAM и 32GB складирање. Тука е истиот 6.53″ HD+ Екран и 5000mAh батерија. Телефонот има 5MP селфи камера, но на 13MP главна камера на задната страна и се додадени уште два сензора, чија намена не е официјализирана. Телефонот од страна на рамките има сензор за отпечатоци од прсти, кој изостанува од Redmi 9A моделот.

Redmi 9A и Redmi 9C се официјализирани во Малезија, каде имаат цени од околу 85 и 100 долари.