Монт Еверест е место за успех на планинарите, но и катастрофите кои се случуваат во текот на искачувањето на врвот. Екипата на National Geographic сними документарец под името „Lost Everest“, а користеше и дрон.

Тимот на National Geographic ја следеше патеката на неславната експедиција на Џорџ Малрој и Ендрју „Сенди“ Ирвин од 1924. година.

Водачи на тимот беа планинарите Марк Синот и Ренан Озтурк, а на Еверест дојдоа да ги бараат посмртните остатоци на Ирвин. Остатоците на Малрој беа пронајдена во 1999. година, а се уште не е познато дали стигнале до врвот пред да починат. Ако успеале, тогаш тоа го направиле пред Едмонд Хилари и Тензинг Норги во 1953. година.

National Geographic објави видео клип кој прикажува како тимот го користи дронот за истражување на опасниот теренна Еверест, поради што нема ризик за планинарите. Тимот со дрон сними панорама, а направи и блиски фотографии од клучните делови на планината.

Ова не беше обичен лет со дрон, бидејќи лета на височина од 8.625 метри, додека врвот на Еверест се наоѓа на височина од 8.840 метри.