Четири камери, Infinity-O дисплеј и долготрајнa батерија за незаборавно корисничко искуство
НИКОЛА БУРАГЕВ
Samsung оваа година одлучи во исто време на пазарот да ги лансира наследниците на популарните Galaxy A50 и Galaxy A70 телефони, а тоа се Galaxy A51 и Galaxy A71. Во нашите раце дојде Galaxy A71 и забележавме дека носи неколку важни промени, поради што се наметнува како одличен избор за сите љубители на големи, а квалитетни телефони. Кај Galaxy A71 изгледа е сѐ шарено како боите на неговиот одличен Super AMOLED екран. Прочитајте во продолжение за одличните перформанси на Galaxy A71.
Дизајн
Во однос на својот претходник, атрактивниот Galaxy A71 пред сѐ носи естетско освежување. И понатаму се работи за елегантно поликарбонатно, таканаречено Гластик (Glasstic) куќиште со специфична шара на задната страна и сето тоа убаво вклопенo со големиот 6,7-инчен екран и минималните рамки, кои што делуваат приближно исто од сите четири страни. Предната камера и тука е изведена во вид на мал отвор по средишната оска при врвот на екранот, како што е тоа случај кај Note10 серијата, со дискретен засек за слушалката, веднаш над него. Делува дека Samsung е целосно задоволен со позицијата на селфи камерата и сега на сите свои понови смартфони го негува истиот принцип.
Во поглед на естетиката, уредот изгледа преубаво и новиот модул со камерите во комбинација со задната страна се одлично комбинирани со предната страна и punch-hole отворот за селфи камерата. Закривените контури го прават телефонот многу поприроден за држење во рака и ергономски е фантастичен. Доволно е тенок, но не и претенок, и остава релативно висока доза премиум чувство во рака. Од влезовите и копчињата, тука се USB-C приклучокот за полнење, 3.5 милиметарскиот влез за слушалки, еден главен звучник, микрофонот, опцијата noise cancellation и стандардните копчиња за регулација за гласноста и копчето за вклучување.
Задната страна на телефонот е изработена од поликарбонат, кој далеку подобро ги издржува падовите од материјал како што е стакло, додека предната страна, каде што е екранот е покриена со Gorilla Glass 3 стакло, кое што одлично издржува при несакано паѓање на уредот. Поентата е дека Galaxy A71 е навистина издржлив смартфон, кој многу тешко се крши.
Екран
Sвезда на вечерта, односно кај овој уред дефинитивно е Infinity-O екранот, кој заслужува секоја пофалба. Иако е доста простран (дијагонала од 6,7 инчи), има прилично тенки рамки и еден мал отвор за предната камера, поради што самиот смартфон не делува премногу голем. Кога станува збор за Super AMOLED екранот со резолуција 2400×1080 пиксели (густина од 393 пиксели по инч), истиот прикажува живи бои и длабоки црни тонови.
Поддржува одлична репродукција на видеата и е соодветен за целосно уживање во мулти-медиските содржини. Содржините на дисплејот се остри и пријатни за око, па сметам дека во овој ценовен ранг, овој екран нема конкуренција. Под дисплејот е сместен оптички сензор за отпечатоци од прсти, кој работи доста добро.
На сонце екранот останува читлив и осветленоста е доволна за извршување на било која задача. Дијагоналата на дисплејот е идеална за гледање видеа, разгледување фотографии, како и за читање текст на интернет-страниците. Карактеристиката недостапна за конкурентите е AlwaysOn Display-от, што е можност постојано да се прикажува часовникот, иконите за известувања и брзото префрлање на апликациите.
Хардвер
Хардверот е можеби еден од најинтересните делови на овој смартфон, бидејќи носи промени на какви што тешко ќе наидете во останатите Galaxy телефони. Имено, Galaxy A71 не го поседува Samsung Exynos, туку Qualcomm Snapdragon чипот и тоа овој пат 730 (Galaxy A70 го имаше Snapdragon 675). Истиот осигурува многу помала потрошувачка на батеријата, речиси непостоечко загревање (дури и при играњето игри) и гарантира константна и адекватна брзина за овој ценовен ранг. Иако Snapdragon 730 не е флегшип чип, работи како таков и едноставно го покренува Galaxy A71 како што би очекувале од еден нов смартфон. Сè работи доста брзо и мазно, телефонот не се загрева и со него можете да ги стартувате и најновите игри, вклучувајќи го и Fortnite на Medium детали.
Со основните 6GB RAM и 128GB брза UFS 2.1 интерна меморија, која можете да ја проширите со MicroSD картичкa (и така не ја губите DualSIM можноста), софтверот на Samsung едноставно бриљира со ваквиот хардвер.
Софтвер
Во поглед на софтверот, тука е OneUI 2.0 корисничкиот интерфејс и Android 10. Нуди премногу опции за напредните корисници, а сите се интуитивни и убаво сместени (или барем системот ве упатува кон нив). Во оваа понова верзија, одличниот OneUI доби и нови гестови, кои работат фантастично, а апликациите со него брзо се покренуваат.
Камери
Кога се задните камерите во прашање, системот се состои од 64MP главна камера со отвор на бленда од f1.8 и далечина од 26 mm. На главната камера друштво ѝ прават 12MP широкоаголната камера (12MP, f2.2), 5MP макро леќа (f2.4) и 5MP depth камера (f2.2) на длабочина заслужен за подобра перцепција на кадарот и поквалитетни bokeh ефекти.
Главниот 64MP сензор на задната страна лови одлични фотографии, дури и во нешто полоши светлосни услови, а видео снимањето му е доволно детално и извонредно електронски стабилизирано. Со порастот на бројот на мегапиксели, порасна и квалитетот на фотографиите. Количината на детали е значително поголема, сликите се поостри, со подобра динамика на кадрите, отколку кај постариот A70 модел. Боите се поверни и поживи, а целокупниот впечаток е дека фотографиите се пореални. Ултрашироката камера со 12MP сензор креира детални фотографии, а боите кои ги продуцира се прилично реални.
Селфи камерата од 32MP создава доста детални фотографии. Детали има доволно во речиси сите светлосни услови, а и видео снимањето е одлично дури и за снимање од неколку агли.
Со снимањето на 4К видеа се гледа напредок во квалитетот на снимените содржини. Видеата продуцираат реални бои, не постои треперење при промената на интензитетот на светлото, а снимките изобилуваат со детали. Galaxy A71 ќе ви биде совршен сопатник во создавањето квалитетни видео содржини.
Батерија
Бидејќи Galaxy A71 има прилично голем, добро осветлен дисплеј и моќни интерни компоненти, потребна му е и добра батерија. За среќа, присутна е 4500mAh батерија, која поддржува 25W брзо полнење и нуди еден ден солидна автономија со вклучен Always-On-Display, а 6-9 часа без него, што отприлика значи два дена користење. Екранот поголем дел од времето го држев на максимално ниво на осветленост, користев WiFi и мобилни податоци, а и локацијата и Bluetooth постојано ми беа вклучени. Телефонот многу брзо се полни со вградениот полнач (за околу час и половина).
Заклучок
Galaxy A71 е одличен и исплатлив за љубителите на Samsung брендот и за оние кои што сакаат да се осигураат при купувањето дека сите сегменти од уредот се добро покриени. Нуди некои работи кои што конкуренцијата сè уште ги нема (фантастичен дизајн, ненадминлив дисплеј и солидни компоненти) и тоа мора да му се признае. Според сѐ што нуди, Galaxy A71 нема да ве разочара!
Предности:
- Одличен дизајн
- Моќен чипсет
- Четири камери со врвни перформанси
- Dual SIM со microSD слот
- Android 10 и UI 2.0
- 128GB интерна меморија + microSD / 6GB RAM
- Голема батерија, брз полнач
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Екран | 6.7-инчи, Full HD+ (1080×2400)
Super AMOLED Infinity-O Дисплеј |
Камери | Главна: 64MP, F1.8
Depth: 5MP, F2.2 Macro: 5MP, F2.4 Ултра-широка: 12MP, F2.2 Селфи камера: 32MP, F2.2 |
Димензии | 163.6 x 76.0 x 7.7 мм / 179 гр. |
Процесор | Octa Core (Dual 2.2Ghz + Hexa 1.8GHz |
Меморија | 6 GB RAM
128GB внатрешна меморија MicroSD слот (до 512GB) |
SIM картичка | Dual SIM (3 slot) |
Батерија | 4.500 mAh (типична), 25W Супер брзо полнење |
Биометриска безбедност | On-Screen Fingerprint (отисок на прст), Face Recognition (препознавање на лице) |
Оперативен систем: | Android 10 + One UI 2.0 |