Во текот на последните години, опциите за побрзо полнење станаа една од најистакнатите функции кај паметните телефони, а компаниите (посебно оние во Кина), демонстрираа колкав е напредокот на ова поле. Минатата година, Xiaomi на прототип прикажа полначи од 100W, по што Vivo ја демонстрираше својата технологија на полнење од 120W.
Секако, се ова се технологии во развој, додека во реалноста моментно е можно да се добие најмногу 65W брзина на полнење, на уредите како што е Oppo Find X2 Pro.
Меѓутоа, идејата за понуда на 100W полнење за телефон не е неизводлива, а дојавувачот Digital Chat Station сугерира дека во текот на 2021. година производителите на гејминг смартфони, како главна карактеристика ќе го промовираат 100W полнење, заедно со Snapdragon 875 чипсетот. Тој исто така истакнува дека три од четирите кинески бренда на гејминг телефони моментно тестираат и подготвуваат теелфони со 100W полнење.
Не е познато за кои производители и уреди се работи, но кандидати се Honor Play, Xiaomi Black Shark, Nubia Red Magic и Vivo Iqoo линиите уреди. Уште еден кандидат е и Lenovo, со својот Legion бренд.