Honor X10 Max 5G ќе биде претставен во текот на следната недела, а веќе ја помина TENAA сертификација. Сега телефонот е забележан на Geekbench листинг.
Benchmark ни дава увид во процесорот кој ќе го покренува телефонот, а во прашање е Dimensity 800 (MT6873) со 5G поддршка. Чипсетот оствари 539 поени во single-core тестот, што X10 Max 5G го рангира нешто под Moto Edge и LG Velvet моделите, кои го користат Snapdragon 765G чипот и Galaxy A51 5G кој работи на Exynos 980 чип. Од друга страна, мулти-кор перформансите (2186 поени) на решението на MediaTek значајно го надминува она што го нудат чиповите на споменатите три телефони, кои остваруваат околу 1800-1900 поени.
Honor 10X Max 5G ќе има 7.09-инчен дисплеј, тежина од 227 грама, 5000mAh батерија со поддршка за 22.5W полнење, 48MP главна камера и Android 10 без поддршка за Google Play Services. Уредот ќе биде претставен на 2. јули.