Компјутерите со двојно и мултиподигање се популарни кај искусните корисници бидејќи им овозможуваат да имаат неколку посебни „профили“. Многумина ја користат оваа функција поради безбедноста, па изненадува тоа што трендот не се пренесе и на мобилните уреди.
Меѓутоа, од Финска, земјата која го обезбеди еден од најпопуларните телефони – Nokia 3310, ни доаѓа мобилниот телефон Bittium Tough Mobile 2C.
Овој паметен телефон е цврст и однатре и однадвор, но тоа е вешто прикриено со дизајнот на бизнис-телефон. Уредот работи на два оперативни системи – стабилниот Android 9 и сопствениот Secure OS, кој е базиран на Android, а доаѓа и со бесплатен безбедносен клуч Yubiko 5 NFC.
Двата оперативни системи целосно се одвоени еден од друг, а уредот поседува и постојано вклучен VPN и поддршка за сопствено управување со мобилни уреди.
⭐️New product launch⭐️
We have taken mobile device security to a new level and are excited to present the world’s most secure smartphone – Bittium Tough Mobile™ 2 C. Read more >>https://t.co/xSJxRu2ULN#Bittium #CyberSecurity #MobileSecurity #ToughMobile2C pic.twitter.com/UdxzCpho1B
— Bittium (@Bittium) June 25, 2020
Уредот може да издржи и удари, а доаѓа и со режим на приватност кој може да се активира со едно копче, со што се оневозможуваат bluetooth, микрофон и камера.
Податоците за цената сè уште не се достапни, но со оглед на тоа што Tough Mobile 2 чини околу 1.400 евра, новиот модел 2C не би требало да чини помалку.
Bittium паметните телефони не се достапни секаде, но се познати во деловниот свет поради нивната безбедност. Досега се излезени моделите Bittium Tough Mobile, Bittium Tough Mobile Р, Bittium Tough Mobile C, Bittium Tough Mobile 2 и најновиот Bittium Tough Mobile 2C.
Извор: B92.net
Поврзани артикли