Компанијата Facebooк соопшти дека ќе започне да ги обележува потенцијално штетните објави на својата мрежа, кои, сепак, ќе ги остави заради нивната важност за јавноста.
Како што пренесуваат странските агенции, компанијата е под притисок да ја ограничи содржина на својата платформа, вклучувајќи ги и објавите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Основачот на Facebook, Марк Цукерберг изјави дека компанијата ќе забрани реклами во кои се опишуваат различни групи врз основа на раса и имиграциски статус, како закана, пренесува Би-Би-Си.
Исто така ќе ја отстрани содржината, дури и ако е објавена од политичар, ако процени дека поттикнува насилство или врши притисок врз гласањето.
Поврзани артикли