Гледаноста на YouTube во значителна мерка се префрла од телефоните на големите екрани. Компанијата забележа „драстични промени во навиките на гледање на содржините“, а сега преку 100 милиони луѓе гледаат YouTube или YouTube TV на телевизорите секој месец во САД.
Времето на гледање на телевизор исто така е зголемео, и тоа за 80 проценти во однос на минатата година. Прегледот на содржини во живо оствари раст од 250 проценти во текот на март, во споредба со истиот период во 2019. година.
YouTube ја објави статистиката во рамките на својата NewFronts презентација, во текот на која беа најавени и неколку нови емисии и серијали.
Google веќе извесно време пробува да го префрли YouTube од телефон на големите екрани, а изгледа дека сега овие напори се остварија. Промената веројатно во добра мера е забрзана со актуелната Ковид-19 пандемија, бидејќи многу корисници се во своите домови и можат повеќе време да поминат пред своите ТВ уреди.
Поврзани артикли