Многу мало зрачење на далечно ултравиолетово светло уништило 99.9 отсто од вирусот кој што бил изложен на него.

Уредите на зраци коишто емитираат сигурен облик на ултравиолетово зрачење може да бидат многу успешни во уништувањето на коронавирусот во воздухот, покажало истражувањето од Универзитетот во Колумбија.

Научниците честичките од коронавирусот во облик на ситни капки ги пуштиле во воздухот пред изворот на далечно ултравиолетово светло и потоа повторно ги собрале за да ги тестираат и да видат колку се активни.

 

Според резултатите од истражувањето, научниците користеле коронавирус кој предизвикува обична настинка.

„Во дополнителните истражувања кои што траат, утврдивме дека коронавирусот кој предизвикува Ковид-19, уништен е на идентичен начин со ултравиолетовото зрачење“ – вели Бренер.

Идејата е во јавните простори да се постават извори на УВ светла каде што постојано би ги уништувале микробите, а меѓу нив и вирусот кој што го предизвикува Ковид-19, па така да се ограничи ширењето на вирусот“ – вели Бренер, додавајќи дека произведувачите на УВ ламбитевеќе го подготвуваат нивното производство.

„На ова гледаме како дополнително оружје кое што може да се користи во борбата со Ковид-19“.