Realme C11 (модел RMX2185) помина Geekbench тест, кој ни даде прилика да дознаеме повеќе за MediaTek Helio G35 чипсетот. Покрај тоа, се појави и видео од отпакувањето на смартфонот.
Geekbench укажува дека плочата на телефонот има ознака „oppo6765“. Претходните официјални тизери споменуваа Cortex-A53 CPU јадра, што го потврдуваат и резултатите од Geekbench тестот. CPU работи на 2.3GHz, но не може да се спореди со G70 чипот, кој има две големи Cortex-A75 јадра. Присутни се само 2GB RAM, барем кога е основната конфигурација во прашање.
Кога е во прашање отпакувањето, не е многу прикажано, но видливо е дека уредот има засек за селфи камерата и две камери на задната страна. Во пакувањето се наоѓаат полнач и USB кабел.
Realme C11 ќе биде официјално претставен на 30. јуни, а се очекува дека телефонот ќе биде објавен глобално.
Поврзани артикли